Матуиди: Роналдо ќе ни помогне да ги оствариме целите

Матуиди: Роналдо ќе ни помогне да ги оствариме целите

Торино, 11 септември 2018 (МИА) - Фудбалерот на Јувентус, Блеиз Матуиди, зборуваше за целите на италијанскиот шампион во сезоната во интервју за „Газета дело Спорт“. 
 
Светскиот шампион со Франција е на мислење дека големата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо ќе додаде драгоцено искуство на своите соиграчи, со кој може да биде освоена титулата во Лигата на шампиони, која долги години е посакувана во Торино.
 
- Имаме многу важни цели оваа сезона. Треба да се концентрираме на нашата игра и нашето однесување на теренот. Кристијано Роналдо има нешто поинакво. Зборуваме за човек кој освои пет „Златни топки“. Можеме да кажеме дека Роналдо е најдобар во светот и не можеме а да не бидеме среќни што е со нас. Тоа сигурно ќе ни додаде искуство. Тој е човек кој освоил многу, а особено во Лигата на шампионите. Тоа ќе ни помогне во најтешките моменти од сезоната, рече Матуиди.вз/17:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ