Македонија У21 ремизираше со Ерменија

Македонија У21 ремизираше со Ерменија

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра нерешено 3-3 против Ерменија на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во рамки на квалификациите за ЕП во 2019 година. 
 
„Црвено-жолтите“ имаа предност од два гола во 90-тата минута, но со автоголот на Амановиќ, како и погодокот на Аветисјан, гостите си заминуваат од Скопје со бод.
 
Атанасов во 26-тата минута ја доведе во водство нашата селекција, а во второто полувреме Аветисјан со гол од пенал во 56-тата минута израмни на 1-1.
 
Младинците преку Здравковски вратија исто така од пенал, откако во 73-тата минута успешно реализираше од белата точка. Потоа сепак, се случи неверојатен пад во играта во самата завршница од средбата и Ерменците израмнија во финишот.
 
Македонија У21 сега има четири бода и го држи петото место во групата пред Гибралтар кој има три бода. Пред нас се Ерменија со седум бода на четвртото место, Австрија е трета со 15 бода, еден бод повеќе има Русија на второто место, а убедлив лидер е Србија со 21 бод.
 
Преостануваат уште дуелите против Русија на гости и Гибралтар на домашен терен.вз/см/19:31

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...