• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Марсело призна даночно затајување, ќе плати 750.000 евра

Марсело призна даночно затајување, ќе плати 750.000 евра

Мадрид, 12 септември 2018 (МИА) - Бразилецот од Реал Мадрид, Марсело призна дека ги избегнувал даноците и се согласил да плати парична казна од 490.000 евра и да добие четири месеци затворска казна која нема да ја одлежи.

Вкупно Марсело ќе мора да плати 750.000 евра, бидејќи користел странски компании за пријавување на приходите и така го оштетил даночниот систем на Шпанија.

Фудбалерот на Реал нема да мора да оди во затвор, бидејќи тоа е негов прв прекршок, а според шпанскиот закон, само за пресуда над две години се оди во затвор.

За исти даночни престапи со шпанските власти претходно се спогодија Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Нејмар, Чабио Алонсо и други. зс/12:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.