• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Барселона го претстави розовиот дрес

Барселона го претстави розовиот дрес

Барселона, 12 септември 2018 (МИА) - Шпанскиот фудбалски шампион Барселона на својот официјален Твитер профил го претстави третиот сет на дресови за сезоната 2018/2019.

Дресот е во бледо розови цвеќиња со темно црвена дијагонална лента, што ја симболизира улица „Дијагонал Авенија“ во Барселона, која минува низ градот дијагонално.

Таа е една од главните улици во Барселона, каде што има голем број на трговски и деловни центри и седиштето на многу банки.

Првата комбинација со која клубот од „Камп Ноу“ игра на домашен терен е дрес со каталонските бои сина и црвена, додека резервната варијанта која се користи на некои гостувања е во зеленкасто-жолта светла боја. зс/12:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.