• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Боатенг: чест е кога те вика Мурињо, ама....

Боатенг: чест е кога те вика Мурињо, ама....

Минхен, 12 септември 2018 (МИА) – Жером Боатенг од Баерн Минхен изјави дека е почестен што интерес за него пројави Жозе Мурињо, но јавно се заблагодари за понудата да премине во Манчестер и реши да остане во Баерн.

- Му се јавив на Мурињо и му реков дека сум почестен заради интересот од Мурињо и неговата голема упорност да ме ангажира Манчестер Јунајтед.

Боатенг ги кажа причините зошто не може да ја прифати понудата.

- Тешко е да се напушти Баерн, кој е еден од најголемите клубови во светот, особено откако тренер е Нико Ковач кој ме увери дека сум многу важен за тимот, изјави дефанзивецот.

Фудбалерот објави дека имал понуда и од ПСЖ. зс/13:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.