ПСЖ: Јувентус ни е главен конкурент за титулата во ЛШ

ПСЖ: Јувентус ни е главен конкурент за титулата во ЛШ

Париз, 12 септември 2018 (МИА) - Претседателот на ПСЖ Насер ал Келаифи изјави дека сезонава очекува Јувентус да биде главен конкурент на неговиот клуб за освојување на титулата во Лигата на шампионите.

Клубот од Торино летово го ангажираше Кристијано Роналдо, а Јувентус според Ал Келаифи со доаѓањето на португалскиот фудбалер сега е меѓу фаворитите за титулата.

- Јувентус со Роналдо е наш главен конкурент за титулата. Честитам, истакна првиот човек на ПСЖ.

Реал Мадрид со Роналдо минатата сезона ја освои Лигата на шампионите. Реал во финалето го совлада Ливерпул, а во претходните фази ги елиминираше ПСЖ и Јувентус. дб/ссм/20:56

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...