МНР чека информации од Авганистан за убиен македонски државјанин

МНР чека информации од Авганистан за убиен македонски државјанин

Скопје, 2 август 2018 (МИА) - Министерството за надворешни работи соопшти дека испратило барање за официјална информација до авганистанските институции во врска со веста дека македонски државјанин е киднапиран и убиен на територија на Авганистан. 

- Во однос на информациите кои излегоа во медиумите за киднапирање и убиство на македонски државјанин на територијата на Авганистан, Ве информираме дека Министерството веднаш испрати барање за официјална информација до авганистанските институции. По добивање на официјална информација од авганистанските власти, согласно законските процедури, МНР ќе го извести Министерството за внатрешни работи, се наведува во соопштението од МНР.

Странски медиуми претпладнево јавија дека три лица, од Македонија, Малезија и Индија, се киднапирани и убиени во главниот град на Авганистан, Кабул. Според портпаролот на началникот на полицијата во Кабул Хашмат Станекаи нивните тела се пронајдени, а до нив биле и нивните лични карти. Портпаролот прецизира дека тројцата работеле во втората по големина компанија за храна и кетеринг во светот Содексо. ев/мч/17:10

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...