Официјална Тирана го осуди недоличното однесува на дел од учесниците на прославата на Мечкин Камен

Официјална Тирана го осуди недоличното однесува на дел од учесниците на прославата на Мечкин Камен

Тирана, 3 август 2018 (МИА) - Албанското министерство за Европа и надворешни работи остро ја осуди „употребата на јазикот на омраза и антиалбанските расистички извикувања“ на вчерашното одбележување на Илинден на Мечкин Камен со надеж дека ваквите недолични однесувања ќе останат само изолиран случај.

- Веруваме дека ова е однесување на една мала група луѓе поттикнати од екстремни националистички чувства и се надеваме дека таквите инциденти кои вклучуваат етничка омраза ќе останат изолирани. Министертвото за Европа и надворешни работи на Албанија ги повикува одговорните институции да спроведат истрага против поттикнувачите на насилство и да ги изведе пред лицето на правдата, стои во реакцијата на Министертвото.

Се додава дека Албанија и Албанците се и ќе бидат постојано пријатели на Македонија.

- Ние веруваме во вредностите на соживот, во хармонија и соработка меѓу нашите земји и нашите граѓани, се наведува во реакцијата на Министертвото за Европа и надворешни работи на Албанија. вт/мд/13:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...