• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Медиуми го објавија идентитетот на убиениот во Кабул, МНР се уште нема официјална потврда

Медиуми го објавија идентитетот на убиениот во Кабул, МНР се уште нема официјална потврда

Скопје, 4 август 2018 (МИА) - Министерството за надворешни работи се уште нема официјална потврда од авганистанските власти во врска со веста за македонскиот државјанин кој беше киднапиран и убиен во Кабул, а некои медиуми веќе објавија дека жртвата е Илија Мерџановски, 37-годишен жител на скопско Љубанци, повикувајќи се на изјави на жители од селото. 

Според објавите во странски медиуми завчера, македонскиот државјанин заедно со уште две лица од Малезија и Индија, биле киднапирани и убиени во главниот град на Авганистан.

Тројцата работеле во „Содексо“, втора по големина компанија за храна и кетеринг во светот. Компанијата „Содексо“, завчера изрази сочувство преку соопштение до јавноста за трагичната загуба на нејзините вработени. вг/хс/14:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ