• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Скапароти: Со нетрпение очекувам да станете 30. членка на НАТО (видео)

Скапароти: Со нетрпение очекувам да станете 30. членка на НАТО (видео)

Скопје, 9 август 2018 (МИА) -  Вашата држава гради светла иднина и напредува. НАТО ја споделува вашата посветеност на демократијата, владеењето на правото, како и безбедноста и стабилноста во регионот. Вашата континуирана поддршка е важна не само за Западен Балкан, туку за цела Европа. Со нетрпение очекувам да станете 30 членка на НАТО, порача командантот на Командата на американските сили во Европа и Врховната команда на НАТО за Европа, генерал Куртис Скапароти, кој денеска престојува во посета на Македонија.

Вежба Илинден Шешереинска и Скапалоти

Генералот Скапароти заедно со делегација од Министерството за одбрана и од Армијата на Република Македонија, предводена од министерката Радмила Шекеринска, проследи показна вежба во касарната „Илинден“.

Вежба Волци Илинден

- Преку вашето долгогодишно партнерство со НАТО, вашата земја веќе постигна значителен напредок во одбранбените реформи и воената интероперативност со сојузниците. Препознавајќи ја историската покана на сојузниците за почеток на пристапните преговори со НАТО препознаваме и уважуваме дека предизвиците остануваат пред вас, но претстои и многу работа. Во исто време со нетрпение очекуваме да дадеме и практична поддршка на вашите воени авторитети во процесот на пристапување. Убедени сме дека адресирањето на овие предизвици и успешното пристапување кон Алијансата ќе имаат исклучителна полза за вас. Земјите кои се приклучиле на Алијансата успеале да ја зајакнат својата демократија, да ја унапредат безбедноста и да го направат животот на нивните граѓани посигурен, изјави Скапароти.  

Шекеринска и Скапароти

Министерката за одбрана Шекеринска кажа дека посетата покажува колку работите во Македонија се менуваат по единаесетти јули кога ја добивме поканата за НАТО. 

- Денеска сме домаќини на првиот воен претставник на НАТО во Европа, кој за првпат престојува во Македонија. Оваа засилена динамика, ја манифестира цврстата решеност Македонија во еден брз и интензивен процес да стане 30 членка на НАТО, порача Шекеринска.

Нагласи дека во овој момент е важно оваа две и пол децениска определба на граѓаните на Република Македонија за членство во НАТО да ја потврдиме и обезбедиме, а еден од тие клучните чекори ќе биде референдумот на 30 септември. 

Шекеринска и Скапароти разговори

-На референдумот очекуваме граѓаните да го препознаат својот интерес, интересот на Република Македонија, интересот на државата и идните генерации и да гласаат позитивно. Изборот е јасен, иднина или изолација, членство во НАТО и ЕУ или уште една изгубена деценија, изјави Шекеринска. 

Генерал Скапароти, како што е најавено, попладнево ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. аа/сд/12:27

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ