• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Чејку: Охридскиот договор не е 100 отсто спровден, но сепак е успешен

Чејку: Охридскиот договор не е 100 отсто спровден, но сепак е успешен

Тирана, 14 август 2018 (МИА) – По повод 17-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, поранешниот албански амбасадор во Република Македонија, Арбен Чејку смета дека договорот има големо значење бидејќи го запрел граѓанскиот конфликт меѓу двете најбројни етнички заедници во Македонија.

- Еден поголем дел од договорот е вклучен во Уставот на Македонија, но, како и сите договори 100 отсто не е спроведен. Како и да е сепак се смета за успешен, рече Чејку гостувајќи во емисија на тиранската телевизија „Репорт тв“.

На прашањето околу усвојувањето на „законот за албанскиот јазик“ и колку тој е имплементиран, Чејку вели дека потребата за користење на албанскиот јазик е природна и разбирлива од сите. Неговата употреба, смета тој, е клучен елемент за приближување на етничките заедници. Сепак, од време на време,оценува тој, овој договор е попречуван од различни политички фактори.

Тој се задржува и на прашањето со името, каков резултат очекува од  закажаниот референдум и како тоа ќе влијае врз Албанците.

- Референдумот е еден од најтешките акти на Македонија. Едно „да" ќе ја зачлени во НАТО и ќе го отвори поглавјето со ЕУ. Со приближувањето на референдумската кампања ќе се појават тешкотии во прифаќањето на референдумот. Има и други сили кои би сакале незачленета и Македонија во конфликти, истакнува тој.

Чејку зборува и за дијалогот Косово-Србија,кој според него е еден неуспех на меѓународната заедница, а од тој дијалог губело само Косово.

Се задржува и на прашањето околу корекциите на границите, што го предлага косовскиот претседател Хашим Тачи, кое, вели, го следи со посебно внимание.

- Тоа е прашање за кое многу се дебатира. Не е толку едноставно прашање, како што се мисли. Во дијалогот потфрли ЕУ, бидејќи не ги конкртетизира договорите. Де факто Косово нема никаква придобивка од дијалогот. Косово и Србија треба да дискутираат како две рамноправни држави. Кој гарантира дека доколку се случи тоа Русија нема да поднесе повотрно вето за да не се признае Косово. Оваа идеја е многу опасна. Отворањето дијалог за тоа ќе услови Косово да седне на маса без сила и без заштита, оценува Чејку.

Тој смета дека меѓусебните обвинувања на релација Хашим Тачи и екс албанскиот претседател и премиер Сали Бериша се непотребни.

- Во оваа ситуација албанските лидери не треба да даваат вакви изјави,туку треба да бидат единствени. Тоа е тактика за да се одвлече вниманието од дебатата. Посакувам во иднина да имаме поголема одговорност. Неприфатливо е да имаме такви дебати во време кога Србите се обединети, нагласува поранешниот албански амбасадор во Република Македонија, Арбен Чејку. вт/скс/15:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...