Паралелата меѓу Шарената револуција и „Бојкотирам“ е паралела меѓу одговорност и неодговорност

Паралелата меѓу Шарената револуција и „Бојкотирам“ е паралела меѓу одговорност и неодговорност

Скопје, 15 август 2018 (МИА) - Правењето паралели меѓу Шарената револуција и  движењето „Бојкотирам“ е исто како да се става равенство меѓу храброста и стравот, меѓу активниот граѓанин кој се осмелил да прогледа во темница и пасивниот поданик кој се плаши да отвори очи во светлина, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Димитров Фејсбук

- Шарената револуција е жед за одговорност, одговорност во ситуација на јавно разоткриен криминал. Кога потфрлија институциите, граѓаните преземаа одговорност, барајќи правда. Бојкотирам е повик за неодговорност, за бегање од одговорност, за немање глас за сопствената и иднината на Македонија, исправена пред историска раскрсница, наведува Димитров во врска со обидите за поистоветување на Шарената револуција и „Бојкотирам“ кое повикува на бојкот на претстојниот референдум.са/сд/12:27

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ