• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Тачи: Џафери имаше големи заслуги за унапредување на правата на Албанците во Македонија

Тачи: Џафери имаше големи заслуги за унапредување на правата на Албанците во Македонија

Приштина, 15 август 2018 (МИА) - Косовскиот претседател Хашим Тачи, по повод шестата годишнина од смртта на поранешниот лидер на Демократската партија на Албанците и еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор, Арбен Џафери, потсети на неговата улога во унапредувањето на правата на Албанците во Македонија.

Тачи, како што јави дописникот на МИА од Приштина, го вреднува покојниот лидер на Албанците во Македонија, како еден од најголемите албански политичари и интелектуалци.

- Пред шест години почина еден од најголемите политичари и интелектуалци на албанскиот свет, Арбен Џафери. Неговиот придонес како лидер на Албанците во Македонија за унапредување на нивните права беше извонреден. Арбен Џафери ќе се помни како политичар кој мудро ја синтетизираше модерната политичка мисла врз една позитивна национална платформа, напиша Тачи на Фејсбук. иа/ац/18:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...