• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Папас: Настојуваме да го убедиме Каменос за Договорот од Преспа

Папас: Настојуваме да го убедиме Каменос за Договорот од Преспа

Атина, 22 август 2018 (МИА) - Настојуваме и скептиците, но и Панос Каменос, да ги убедиме дека Договорот од Преспа ќе биде позитивен и во интерес на Грција, вели министерот за дигитална политика и телекомуникации, Никос Папас во интервју за грчката телевизија Контра.

За решението меѓу Македонија и Грција Папас изрази убеденост дека постои мнозинство во грчкиот Парламент, но и доволно време да се убедат и скептиците, јави дописничката на МИА од Атина.

- Очигледно е дека постојат различни мислења меѓу владините партнери за прашањето за решавање на македонскиот проблем. Сметам дека во овој момент и во грчкиот Парламент постои мнозинство со кое ова решение, што се наоѓа на маса, може успешно да помине. А секако, мислам дека постои и време дури и скептиците да се убедат  дека финализирањето на овој договор (бидејќи нашите соседи ќе ги направат предвидените чекори) е во интерес на Грција, вели Папас.

На прашањето дали меѓу убедувањето на скептиците што ги спомена е и коалициониот партнер во грчката Влада, министерот за дигитална политика и телекомуникации вели дека тие настојуваат да го убедат и Каменос дека финализирањето на договорот е позитивно за Грција. ср/сд/10:00

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...