• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

САД очекуваат успешен референдум и Македонија да стане 30. членка на НАТО (видео)

САД очекуваат успешен референдум и Македонија да стане 30. членка на НАТО (видео)

Скопје, 22 август 2018 (МИА) - Силна поддршка  од САД Македонија наскоро да стане 30-та членка на НАТО доби министерот за надворешни работи Никола Димитров синоќа за време на неговата официјална средба во Вашингтон со државниот секретар Мајк Помпео.

- Ова е одличен ден за македонската дипломатија. Само што имав многу охрабрувачки состанок со државниот секретар Помпео. Моментот е многу важен. Како што сите знаеме ние сме фокусирани на нашата домашна задача. Треба да имаме референдум и да најдеме луѓе кои ќе застанат зад Договорот за името со Грција, а кој ги отклучува вратите за иднината. Сакаме да влеземе во НАТО и тука поддршката од нашите американски партнери е особено важна, изјави Димитров по средбата со неговиот американски колега Помпео.

Тој додаде дека денеска се враќа во Македонија многу охрабрен и оти со македонскиот народ ќе ги споедели пораките кои вчера ги добил во Вашингтон.

 димитров мичел вашингтон

Шефот на македонската дипломатија во Вашингтон оствари средба и со Вес Мичел, помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, кој му упати честитки за постигнатиот Договор од Преспа и посака успешен референдум. 

- Сакам да му честитам на министерот Димитров за историскиот договор што Македонија и Грција го постигнаа во Преспа и знам дека министерот Димитров одигра лична улога во тоа како архитект на овој Договор. САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа. Ја цениме улогата која министерот Димитров ја има и очекуваме успешен референдум на 30 септември. Секретарот Помпео денес многу силно го поддржа овој напор и јасно му кажа на министерот Димитров дека САД очекуваат Македонија да стане 30-та членка на НАТО, рече Мичел.

За време на работната посета на САД министерот Димитров имаше бројни средби во американскиот Сенат, како и со повеќе експерти, професори и истражувачи од невладината заедница во Вашингтон. вг/сст/13:28

###

 

видео

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...

Берт Рејнолдс и оставил се на својата внука

Актерот Берт Рејнолдс, кој неодамна почина во Флор...