Ѕанакопулос: Договорот ќе помине со широко парламентарно мнозинство

Ѕанакопулос: Договорот ќе помине со широко парламентарно мнозинство

Атина, 23 август 2018 (МИА) - Ако политичките сили во земјата гласаат врз основа на јасни политички критериуми и идеологии, Договорот ќе помине со доста широко парламентарно мнозинство, вели министерот без ресор и портпарол на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за државната телевизија ЕРТ.

- Што се однесува до македонското прашање, доколку се исполнат предусловите од соседната земја, ќе дојде во грчкиот Парламент, ќе помине со доста широко парламентарно мнозинство, доколку политичките сили гласаат, не врз база на внатрешно политичките намери и цели, туку врз база на идеологии и јасни политички критериуми, рече Ѕанакопулос за грчката телевизија ЕРТ.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на ставот на коалицискиот партнер во Владата Панос Каменос, дека нема да гласа за Договорот од Преспа, но и дека ќе ја урне Владата, Ѕанакопулос ја повтори изјавата на лидерот на Независни Грци дека според договореното по изборите во 2015, со Алексис Ципрас ќе оди до крај на четиригодишниот мандат.ср/са/12:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...