• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Бакојани: Нова демократија нема да гласа за Договорот од Преспа

Бакојани: Нова демократија нема да гласа за Договорот од Преспа

Атина, 24 август 2018 (МИА) - Како што се одвиваа работите ќе биде многу тешко да има промена и Договорот да не дојде во Парламентот. Единствено што можам да кажам е дека ние нема да гласаме „за“, вели поранешната грчка министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, а сега пратеник во Нова демократија, во интервју за радио „Практорио ФМ“ за Договорот од Преспа.

- Кога доставивме иницијатива за гласање недоверба, јасно кажав да немаме сомнежи, штом владата продолжи кон потпишување на овој договор ќе постојат завршени работи. Веќе постојат, во смисла дека господинот Заев, и правилно од негова страна, ги презентира оние работи што ги доби, рече Бакојани.

Членови на најголемата грчка опозициска партија, но и претседателот,  во изминатиот период, јавно го искажуваа нивното несогласување со решението меѓу Македонија и Грција и порачуваа дека Нова демократија нема да го поддржи Договорот од Преспа кога ќе дојде за ратификација во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...