• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Министерот Димитров го посети Летниот камп по македонски јазик и култура

Министерот Димитров го посети Летниот камп по македонски јазик и култура

Скопје, 25 август 2018 (МИА) - Министерот за надворешни работи Никола Димитров го посети Летниот камп по македонски јазик и култура  „Ја сакам Македонија”, што во организација на Министерството за надворешни работи се одржува во Охрид, а на кој учествуваат деца со македонско потекло од десет држави од регионот и пошироко. 

Димитров изразил благодарност за интересот да се посетува наставата по македонски јазик и потенцирал дека бројното присуство е уште еден доказ за љубовта кон Република Македонија како нивна втора татковина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи. 

Министерот укажал на потребата, сите и особено најмладата генерација да го чуваме и афирмираме македонскиот јазик  како наше најголемо духовно и културно наследство.

- Овие манифестации се од огромна важност за нас како Македонци и нужно е да продолжат да се негуваат и да стануваат помасовни, пред се’ заради нашите идни генерации,

Оваа манифестација се одржува од 2012 година. лв/нд/16:25

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ