• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Димитров: Одлучно на патот кон НАТО зацртан пред 25 години (видео)

Димитров: Одлучно на патот кон НАТО зацртан пред 25 години (видео)

Брисел, 28 август 2018 (МИА) - Актуелната соработка со НАТО и подготовките што ги презема Македонија во рамки на пристапниот процес за членство во Алијансата беа тема на разговор меѓу шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и заменик генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемолер.

На средбата во Брисел, министерот Димитров се осврнал на моменталната состојба во државата, текот на подготовките за престојниот референдум и на имплементацијата на реформите. 

- Ви благодарам за поканата за пристапни преговори за Република Македонија на Самитот во јули. Одлучно одиме по патот до членството што го зацртавме уште пред 25 години. Ќе ја завршиме оваа незавршена историска мисија, во интерес на стабилноста и просперитетот на Република Македонија, на стабилноста на Балканот и на стабилноста на Европа, истакнал Димитров. 

Заменик генералниот секретар на НАТО, како што информира македонското Министерство за надворешни работи, изразил подготвеност за сестрана поддршка кон заложбите на Македонија за приклучување кон Алијансата и надеж дека државата ќе знае да ја искористи широко отворената врата. бак/18:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ