• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Димитров ќе реферира пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

Димитров ќе реферира пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој престојува во дводневна посета на Брисел, денеска ќе се обрати пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот Парламент.

Тој ќе информира за актуелните подготовки за одржување на референдумот, текот на имплементација на клучните реформи во земјата од страна на Владата на Република Македонија и подготовките за скрининг процесот со Европската комисија, со цел на краток рок да се отвори патот за отпочнување на пристапните преговори.

Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент e работно тело на Европскиот Парламент во кое членуваат претставници од различни парламентарни групи застапени во Европскиот Парламент.

Димитров вчера имаше средба со заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемолер со која разговараше за моменталната состојба во државата, текот на подготовките за престојниот референдум и на имплементацијата на реформите. Притоа, Димитров истакна дека Македонија одлучно оди на патот кон НАТО зацртан пред 25 години. бак/сд/08:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ