• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

ИРИ: Мнозинството македонски граѓани го поддржуваат Договорот со Бугарија

ИРИ: Мнозинството македонски граѓани го поддржуваат Договорот со Бугарија

Скопје, 29 август 2018 (МИА) – Мнозинството македонски граѓани имаат позитивен став за Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, покажува анкетата на ИРИ.

Договорот меѓу Македонија и Бугарија го поддржуваат 52 отсто од анкетираните, од кои 24 проценти одговориле дека тој е целосно позитивен, а 28 делумно.

Бугарија договор

 

Договорот не го поддржуваат 34 проценти, а од нив 14 рекле дека е делумно, а 20 целосно негативен. Шест проценти од анкетираните воопшто не чуле за договорот, а одум проценти одбиле да одговорат.

Анкетата на ИРИ е спроведена за Центарот за анкетни истражувања преку ГфК Скопје. Податоците се собрани преку интервјуа лице в лице од 28 јуни до 15 јули 2018 година од страна на обучени професионалци. Примерокот се состои од 1.100 анкетирани, на возраст над 18 години, а стапката на одговор беше 69 проценти.

Истражување е спроведено со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој.са/сд/13:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ