• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Мета ги повика Албанците во Македонија да излезат на референдумот и да гласаат „за“

Мета ги повика Албанците во Македонија да излезат на референдумот и да гласаат „за“

Тирана, 29 август 2018(МИА) – Интеграцијата на регионот во ЕУ и НАТО е многу значаен процес за неговата иднина. Македонија е во еден многу значаен, поволен и оптимистички момент, по долг период на стагнација во односите со Грција, Европската унија и НАТО.

Ова во интервју за „Албаниан дејли њуз“  го изјави албанскиот претседател Илир Мета, одговарајќи на прашањето околу престојниот рефендум и какво ќе биде значењето на резултатот за Албанија и регионот.

- Без никакво двоумење, го поддржавме и охрабрувавме директниот дијалог меѓу Атина и Скопје со целосно убедување дека тоа е најдобриот пат да се оди напред и да се најде потребното решение за долготрајниот интегративен процес на Македонија, вели Мета.

Според него, договорот постигнат со Грција за името отвора нова перспектива, претставува позитивен чекор на Македонија кон нејзиното членство во НАТО, интеграцијата во ЕУ и директно влијае на мирот, безбедноста и стабилноста на регион.

-Албанскиот политички фактор во Македонија има незаменлива улога, како во процесот на внатрешни промени на политичката и социјалната кохезија, така и во евроатлантскиот процес на Македонија. Тој повторно има можност да го потврди својот непоколеблив став за членство на Македонија во НАТО и во ЕУ со сериозно ангажирање, со целата своја енергија, за успех на овој референдум, нагласува Мета.

Додава дека успехот на референдумот е победа на европските и евроатланските интегративни сили и дух, наспроти „архаичните, антиевропски и анти-НАТО тенденции не само во Македонија, туку и низ целиот наш регион“.

- Затоа верувам и истовремено ги повикувам сите Албанци во Македонија да учествуваат на референдумот на 30 септември и да гласаат за договорот, за отворање на ново поглавје не само во корист на интеграцијата на Македонија, туку и нивната иднина во оваа земја, оценува албанскиот претседател Илир Мета во интервју за „ Албаниан дејли њуз“. вт/сд/14:06

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ