Жерновски учествува на 13. Дубровник форум

Жерновски учествува на 13. Дубровник форум

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски од денеска ќе учествува на 13. традиционален Дубровник форум 2018 насловен „Зајакнување на отпорноста Медитеран, Европа и Западен Балкан“.

На форумот до 1 септември, како што соопшти МНР, се очекува да присуствуваат премиери, министри и заменици министри за надворешни работи од регионот, Европа и пошироко, како и претставници на повеќе меѓународни и тинк-тенк организации.

Најавено е Жерновски да оствари билатерални средби со повеќе претставници и учесници на форумот. Теми на разговор ќе бидат новите моменти поврзани со претстојниот референдум во однос на Договорот со Грција и потврдување на поддршката за евроатланските интергации што се очекува од страна на меѓународните партнери. На средбите ќе биде разговарано и за останатите активности кои и претстојат на Македонија во насока на подготовката за почеток на пристапните преговори.

Жерновски ќе има и обраќање на тема „Зајакнување на отпорноста преку справување со лажните вести и манипулација на медиумите“.мд/са/07:43

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...