• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Димитров од Виена: Само европски Балкан е стабилен Балкан

Димитров од Виена: Само европски Балкан е стабилен Балкан

Виена, 31 август 2018 (МИА) - Единственa одржлива визија за стабилен Балкан е единствена Европа. Сите работиме на реформите за демократија и владеење на правото со цел да ја споделиме идната Европа без граници. Време е за нас, за регионот и за земјите членки да го направиме исчекорот кон оваа визија, напиша македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на Твитер, по завршувањето на неформаланата средба на шефовите на дипломатии на ЕУ и земјите кандидати во Виена. 

На неформалната средба, министерот меѓу другото порача и дека за регионот на Балканот често пати се мисли како за периферија на Европа, а тој е токму опколен со земји членки. Затоа, порача дека во регионот се решени речиси сите отворени прашања и дека последниот пример за тоа е решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција. 

- Забрзувањето и ревитализацијата на процесот на проширување има своја смисла. За Европа е подобро и поевтино да инвестира, и од регинот, со наша помош, да направи европски регион, отколку да го игнорира, што на крајот ќе биде многу поскапо, порача Димитров.   

Шефот на македонската дипломатија потенцира дека земјите од Западен Балкан се цврсто решени да успеат во процесот на евроинтеграции, затоа што, нагласи, „во чекање се загуби цела една генерација“.са/ сд/14:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...