• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Свилановиќ: Само успешен референдум на Македонија ќе и отвори перспектива и огромен потенцијал

Свилановиќ: Само успешен референдум на Македонија ќе и отвори перспектива и огромен потенцијал

Белград, 2 септември 2018 (МИА) -  Горан Свилановиќ, поранешен министер за надворешни работи на СР Југославија, од 1 јануари 2013 година е генерален секретар на Советот за регионална соработка со седиште во Сараево, БиХ. На барање на МИА, Свилановиќ испрати порака до македонските граѓани за претстојниот референдум во Македонија.   

- Секако дека референдумот е национално прашање. Но, само успешен референдум ќе отвори перспектива и огромен потенцијал. Со него самите граѓани ќе имаат можност да стават точка на спорот што над 25 години го блокираше вистинскиот напредок и интеграциските процеси во земјата.

Горан Свилановиќ

Договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, според него, е храбар, голем, историски и охрабрувачки за целиот регион, бидејќи дава свеж потенцијал, не само за соработката во евроатланските интеграции, туку и за натамошниот економски развој на земјата, како и на целиот регион.

-Очекувам по успешниот референдум, земјите членки на Европската Унија да ги операционализираат заклучоците на Европскиот совет за почеток на преговорите. За очекување е процесот на преговори да тече со солидно темпо поради фактот што земјата досегна висок ниво на ускладеност на своето законодавство со ЕУ.

Свилановиќ смета дека е важно граѓаните да го препознаат огромното значење на овој референдум, земајќи ги притоа предвид перспективите и можностите што ги носи Европската Унија, и на него да донесат одговорна одлука за својата иднина и за иднината на генерациите кои доаѓаат.

- Европската стратегија за проширување објавена во февруари годинава е јасна-невозможна е интеграцијата во ЕУ со нерешени билатерални спорови, што значи дека императив е трајното решение на комплексниот билатерален проблем.

Позитивниот исход на референдумот и целосната имплементација на договорот меѓу Скопје и Атина можат да ги сменат правилата на игра и позитивно да влијаат врз останатите предизвици во регионот. Позитивниот исход ќе влијае и врз безбедноста, стабилноста и просперитетот во регионот. Со тоа, успешниот референдум ќе ги ослободи сериозните меѓународни дипломатски капацитети да се фокусираат и да ги решат и останатите критични прашања во регонот. об/сд/10:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...