• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Мицотакис: Договорот од Преспа на соседите им отстапува македонски јазик и македонски идентитет

Мицотакис: Договорот од Преспа на соседите им отстапува македонски јазик и македонски идентитет

Атина, 1 септември 2018 (МИА) - Ставовите дека Договорот од Преспа „на соседите им отстапува македонски јазик и македонски идентитет“, но и дека Нова демократија нема да го ратификува ниту во овој ниту во следниот парламент уште еднаш ги повтори лидерот на најголемата грчка опозициска партија Кирјакос Мицотакис, говорејќи на настан организиран од подмладокот на Нова демократија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис рече дека до договорот се стигнало во тајност, „во отсуство на народот, во отсуство на парламентот, во отсуство на опозициските партии“ и веќе носи негативни резултати за Грција. 

- Договор кој искривувајќи ја 27-годишната националната линија на нашите соседи им отстапува македонски јазик и македонски идентитет. Тоа е договор кој секако Нова демократија нема шанси да го ратификува ниту во овој ниту во следниот парламент. Постапките на владата се национално опасни. Веќе веднаш произведоа негативни резултати, рече Мицотакис. 

Лидерот на Нова демократија, индиректно ја обвини грчката влада дека не реагира и не одговара на изјавите кои доаѓаат од македонскиот државен врв. 

- Господинот Заев, самиот, е првиот кој го демантира господинот Коѕијас, а господинот Димитров вели, нас ни вели, „Македонец сум и говорам македонски јазик“. Некои во владата го слушаат тоа без да одговорат, виновно или едноставно рамнодушно ја наведнуваат главата. Нивната неодговорност нема да се заборави. Грците не сакаат и не треба никогаш да бидат, да бидеме, слепи националисти, но знаат дека треба да бидат чесни патриоти, рече Мицотакис, пренесе МИА. ср/дма/08:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...