Димитров на проштална со Шчербак: Македонија е ориентирана кон ЕУ и НАТО, но сака добри односи со Русија

Димитров на проштална со Шчербак: Македонија е ориентирана кон ЕУ и НАТО, но сака добри односи со Русија

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) - Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Николаевич Шчербак, кој ја завршува својата дипломатска мисија во Скопје.

Како што соопшти МНР, Димитров изрази надеж дека односите меѓу двете земји во иднина ќе се развиваат во духот на традиционалното пријателство и меѓусебно уважување. Притоа тој укажал дека Република Македонија, стратешки ориентирана кон евро-атланските интеграции, придава значење и на развивање на односите со Руската Федерација и е подготвена за интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес.

Димитров на Шчербак му посакал успех во извршувањето на идните функции. ев/са/12:43

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...