• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

АНА-МПА: Меркел во сабота во Скопје

АНА-МПА: Меркел во сабота во Скопје

Атина, 3 септември 2018 (МИА) - Канцеларката Ангела Меркел во сабота ќе оствари посета на Скопје, соопшти пред малку нејзиниот портпарол Штефен Зајберт, објави грчката новинска агенција АНА –МПА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во кусиот текст, АНА-МПА пренесува изјава на портпаролот на канцеларката, кој вели дека Меркел сака на самото место да формира впечаток во пресрет на референдумот.

Меркел АНА-МПА

- Уште се работи на програмата, но можам да ви кажам дека канцеларката ќе се сретне со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, изјави Зајберт и додаде дека во фокусот на средбата ќе бидат „регионалните случувања, билатерални теми“, додека пак госпоѓата Меркел „секако сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, кој што ќе се одржи на крајот од месецот“, пренесува грчката новинска агенција.

Македонскиот премиер Зоран Заев, денеска одговорајќи на новинарско прашање при посетата на Радишани, изрази надеж дека Меркел в сабота ќе дојде во Скопје, но посочи дека конечната потврда, според протоколот, да ја соопшти германската Влада.ср/аа/12:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...

Парче килибар тешко 1,8 килограми пронајдено во Калининград

Парче килибар тешко 1,8 килограми е пронајдено во ...