• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Меркел в сабота во Скопје

Меркел в сабота во Скопје

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека германската кацеларка Ангела Меркел в сабота ќе дојде во Скопје, но посочи дека конечната потврда за посетата, според протоколот, треба да ја соопшти германската Влада.

- Се надевам дека посетата ќе биде на 8 септември, но конечната потврда треба да ја соопшти Германија, рече Заев одговорајќи на новинарско прашање при денешната посета на Радишани.

Портпаролот на германската Влада Штефен Зајберт, како што пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА, денеска најави дека Меркел в сабота ќе дојде во Скопје за, како што наведе, од прва рака да формира впечаток за претстојниот референдум.

Меркел АНА-МПА

- Уште се работи на програмата, но можам да ви кажам дека канцеларката ќе се сретне со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, изјави Зајберт и додаде дека во фокусот на средбата ќе бидат „регионалните случувања, билатерални теми“, и дека Меркел „секако сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, кој што ќе се одржи на крајот од месецот“.аа/са/13:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ