• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Викиликс: Скопје уште во 2008 година се согласило за „Република Северна Македонија“

Викиликс: Скопје уште во 2008 година се согласило за „Република Северна Македонија“

Атина, 4 септември 2018 (МИА) - Уште во 2008 година официјално Скопје дало согласасност за промена на уставното име во „Република Северна Македонија“ ,,под услов тоа да вклучува признавање на македонскиот јазик и националноста“, се наведува во документ на американската амбасада во Скопје што го објави Викиликс, а го пренесува порталот Катимерини.

Викиликс Македонија

Доверливиот документ на американската амбасада под наслов „Што треба Македонците да направат за да го решат спорот за името“, е од 29 јули 2008 година, а го составила тогашната американска амабасадорка во Македонија Џилијан Миловановиќ.

Документот покажува дека целите на Македонија не се многу променети во последната деценија и дека во одредена мерка се постигнати со грчко-македонскиот договор од јуни годинава.

Во првиот дел од документот се споменува дека Миловановиќ своите заклучоци ги претставила по разговорите со тогашниот претседател и премиер на Република Македонија,  Бранко Црвенковски и Никола Груевски, и наведува дека условите биле прифатливи за земјата.

„Амбасадата на САД во Скопје оценува дека македонската Влада е подготвена заради отворањето на патот во НАТО и членството во ЕУ да се согласи со името Република Северна Македонија во сите меѓународни организации“, се наведува во документот на американската амбасада во Македонија, до кој дошол Викиликс.

Националноста и јазикот, исто така, требало да ја имаат придавката „македонски“, се заклучувало во документот, но дека со тоа треба внимателно да се постапува - можеби во вид на некој анекс или интерен документ во ОН што нема да биде предмет на одобрување од грчката  страна, пренесува Катимерини. са/сд/08:06

###

     

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ