• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Во Охрид меѓународна конференција за мигрантската криза

Во Охрид меѓународна конференција за мигрантската криза

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) - Во Охрид од денеска до петок ќе се одржува меѓународна конференција насловена „Мигрантската и бегалската криза во глобалниот свет:одговорности и одговори“.

На конференцијата најавено е учество на околу 100 претставници од Македонија, Шведска, Шпанија, Португалија, Швајцарија, Италија, Романија, Австрија, Турција, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Бугарија. 

Конференцијата ја организира Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филофовскиот факултет во Скопје во партнерство со Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Саравео, Факултетот за безбедност од Белград и Велеучилиштето од Велика Горица.

На отворањето, закажано за денеска, најавено е обраќање на Аргентина Шабадос, регионален директор на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) задолжена за Југоисточна Европа, Источна Европа и Централна Азија. бак/са/07:36

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ