• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Соработникот на Трамп за специјални мисии Рон Џонсон следната недела во Скопје

Соработникот на Трамп за специјални мисии Рон Џонсон следната недела во Скопје

Скопје, 6 септември 2018 (МИА) - Американскиот сенатор и претседавач на Комисијата за државна безбедност Рон Џонсон следната недела доаѓа во Македонија, а ќе ги посети и Грција, Србија и Косово.

Џонсон во Скопје, Атина, Белград и Приштина ќе има средби со високи владини претставници, пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на информации од Американската амбасада во Србија.

Сенаторот Џонсон е еден од високо рангираните соработници на американскиот претседател Доналд Трамп задолжен за специјални мисии. Џонсон е претседавач на Поткомитетот за европска и регионална безбедносна соработка.

Републиканскиот сенатор од Висконсин, последен пат престојуваше во регионот во февруари, кога ги посети Белград и Приштина.

Џонсон во своите јавни настапи се залага за поголем ангажман на Вашингтон на Балканот и за интеграција на земјите од регонот во ЕУ и НАТО. сст/са/09:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ