• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Столтенберг во Собранието се сретна со Џафери и со Мицкоски

Столтенберг во Собранието се сретна со Џафери и со Мицкоски

Скопје, 6 септември 2018 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во вилата „Водно“, во македонското Собрание се сретна и со претседателот на Парламентот Талат Џафери и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Првиот човек на Алијансата, во рамки на денешната посета на Македонија, треба да се сретне и со македонскиот премиер Зоран Заев, како и  со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и други високи официјални претставници.

Столтенберг и Мицкоски

По средбата на премиерот Заев и Столтенберг најавена е прес-конференција. 

Покрај останатите активности и средби, генералниот секретар ќе го посети и Стајковци каде што во 2016 година војници и опрема на НАТО беа ангажирани за надминување на последиците од поплавата. Столтенберг ќе ја посети и касарната Илинден  каде што ќе присуствува на показна вежба на припадниците на специјалните сили.

Во касарната Илинден предвидени се изјави за медиумите од Столтенебрег и Шекеринска.

Во пресрет на референдумот, во Скопје денеска е и министерот за надворешни работи на Лукембург Жан Аселборн, а до крајот на недела доаѓаат и канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц. сст/са/11:12

###

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...