• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Францускиот сенатор Кадик во посета на Македонија

Францускиот сенатор Кадик во посета на Македонија

Скопје, 6 септември 2018 (МИА) - Во рамки на посетата на Балканот, сенаторот и претставник за француските државјани кои живеат надвор од Франција, од денеска до 8 септември Оливие Кадик ќе ја посети Македонија.

Сенаторот Кадик планира да го посети Француското интернационално училиште во Скопје (ЕФИС) и Францускиот институт во Скопје (ИФС). Тој ќе оствари средба со директорите на француските компании присутни во Македонија и ќе присуствува на приемот организиран во негова чест од страна на амбасадорот Тимоние во резиденцијата на Франција. Во таа пригода, сенаторот ќе се сретне со француската заедница во Македонија.

Утре, како што соопшти Француската амбасада во Македонија, тој ќе има серија политички разговори со највисоките македонски власти. На покана на претседателот на Собранието Талат Џафери, сенаторот Кадик, ќе присуствува на приемот по повод Денот на независноста.

Во сабота, тој ќе ги посети Француските воени гробишта во Скопје и ќе положи венец за да им оддаде почит на паднатите француски војници на територијата на Македонија за време на Првата светска војна. Тој ќе ја посети и Спомен куќата - Музеј посветена на историјата на Македонскиот фронт.

Кадик како млад претприемач на дваесетгодишна возраст, тој одлучил во 1982 година да формира своја компанија, „Info Elec“. Седум години подоцна, Инфо Елек стана компанија со ограничена одговорност со капитал од еден милион франци. Во 1994 година, неговата успешна кариера го донесе на позицијата потпретседател на GFIE, групацијата добавувачи од електронската индустрија. сст/лв/16:00

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ