• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Ринкевицс: Се надеваме дека Северна Македонија ќе биде новиот член на НАТО и ЕУ

Ринкевицс: Се надеваме дека Северна Македонија ќе биде новиот член на НАТО и ЕУ

Атина, 7 септември 2018 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Република Летонија, Едгарс Ринкевицс, по средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕијас изрази надеж дека Договорот од Преспа ќе се финализира, со членство на Макеоднија во НАТО и ЕУ. 

Во изјава за медиумите, шефот на летонската дипломатија рече дека земјата ќе ја нарекува Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

- Ние се надеваме дека процесот ќе се комплетира со членство на Северна Македонија и во НАТО и во Европската унија, дека прашањето ќе се реши и дека ќе имаме уште една држава членка, рече министерот за надворешни работи на Летонија.

Коѕијас му се заблагодари и на Ринкевицс лично и на латвиското претседателство со ЕУ (првата половина на 2015) за “тешките теми за кои разговарале, какво што е македонското прашање, за кое денес, благодарение на позицијата на тогашното претседателство, можевме да најдеме добри и креативни решенија”.

Шефот на грчката дипломатија се осврна и на употребата на уставното име во писмото од Трамп до Иванов, велејќи дека кога Договорот од Преспа ќе се ратификува во двете земји, тогаш земјата ќе се вика Северна Македонија. ср/сд/14:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...