• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Помпео со честитка за 27-годишнината од македонската независност

Помпео со честитка за 27-годишнината од македонската независност

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео во името на Владата на САД им го честита ја граѓаните на Македонија Денот на независноста - 8 Септември. 

- Ви честитаме за историскиот Договор од Преспа, кој откако ќе биде имплементиран ќе доведе до голема безбедност и просперитет за граѓаните на Македонија и за целиот регион. Вашата посветеност на демократските принципи, владеењето на правото, одговорноста на Владата, напорите за спречување на корупцијата се за пофалба. САД силно ја поддржуваат Македонија на нејзиниот пат да стане дел од евроатланското семејство, нагласи Помпео во својата честитка по повод 27-годишнината од независноста.

- Ви посакуваме се најдобро додека го прославувате овој специјален ден и со нетрпение го очекиваме идното продлабочено пријателство и соработка, додаде американскиот државен секретар. ац/нд/22:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...