• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Денот на независноста одбележан во македонскиот конзулат во Солун

Денот на независноста одбележан во македонскиот конзулат во Солун

Солун, 8 септември 2018 (МИА) - Со прием на македонските државјани кои живеат во Солун, во конзулатот на Република Македонија вчера беше одбележан денот на независноста, 8 Септември.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Канцеларијата за врски на Република Македонија во Атина, организира прием на 25 септември по повод 27-годишнината од независноста и 74-годишнината од државноста на нашата земја. 

Приемот ќе биде и проштален за македонскиот амбасадор Дарко Ангелов, кој го завршува четиригодишниот мандат во грчката престолнина. ср/мд/12:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ