• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Вес Мичел в четврток во Скопје

Вес Мичел в четврток во Скопје

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Американскиот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, на 13 септември ќе допатува во Македонија на средби со македонскиот премиер Зоран Заев и со други официјални претставници за поддршка на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција и претстојниот референдум на 30 септември, соопшти Стејт департментот. 

Мичел во Скопје ќе има средби и со претставници на парламентарните партии и на бизнис-заедницата, со кои ќе размени мислења и ќе ја нагласи американската поддршка за приклучувањето на Македонија во западното семејство, се наведува во соопштението.

Претходно Вес Мичел ќе престојува во Грузија, каде што ќе учествува на меѓународна конференција во Тбилиси и ќе има средби со претставници на властите и на граѓанското општество.са/08:12

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ