Ципрас: Преспанскиот договор може да биде модел за други

Ципрас: Преспанскиот договор може да биде модел за други

Стразбур, 11 септември 2018 (МИА) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас, во своето обраќање пред Европскиот Парламент ги истакна дипломатските успеси на неговата влада во регионот, нарекувајќи го Преспанскиот договор „врвот на нашите напори“.

- Со премиерот Заев од ПЈРМ успеавме да стигнеме до заеднички прифатливо решение без употреба на сила, туку преку дипломатија и дијалог, овој договор може да биде модел за решавање на споровите во нашиот регион, изјави Ципрас пред европратениците.

Преспанскиот договор и „лидерството на Ципрас и Заев“ го поздрави и Европската Комисија преку еврокомесарот задолжен за Еврото, Валдис Домбровскис, кој рече дека преку решавањето на овој долгодишен спор „тие поставија пример за регионот и за поширокиот свет“.

Алексис Ципрас утрово одржува дебата со европратеницита на пленарната седница на Европскиот Парламент за иднината на Европа. тм/дма/09:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ