• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Конференција „Стабилизирачки ефекти од процесот на евроатлантска интеграција“

Конференција „Стабилизирачки ефекти од процесот на евроатлантска интеграција“

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Во Министерството за надворешни работи денеска и утре ќе се одржи меѓународна конференција „Стабилизирачки ефекти од процесот на евроатлантска интеграција: Работиме заедно против хибридните закани“.

На конференцијата ќе учествуваат вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, државниот секретар во МНР Виктор Димовски, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, како и високи претставници на НАТО, претставници на дипломатскиот кор во земјата, академската заедница и граѓанскиот сектор.

Организатори на конференцијата се Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Конзорциумот на партнерството за мир, oдделот на НАТО за справување со новите безбедносни предизвици, во соработка со Евроатлантскиот совет, Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ и Факултетот за безбедност.

Како што соопшти МНР, целта на дводневната конференција e да се согледаат предизвиците и начините за справување со хибридните закани, појавните облици и нивното влијание врз интегративните процеси на земјите од Западен Балкан.

На Конференцијата, покрај експертите од НАТО, предвидено е излагање да има и амбасадорот Антонио Мисироли, помошник на генералниот секретар на НАТО во Одделот за справување со новите безбедносни предизвици. нд/са/07:37

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ