• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

МИА Најави - Македонија

МИА Најави - Македонија

3 септември 2018
 
Скопје - Собранието на Република Македонија ќе ги одржи 58. и 32. седница. (12:00/12:15) 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Собрание на РМ, Сала 4/10:00) 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Собрание на РМ, Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми ќе го посети ОУ „Ацо Шопов“ во општина Бутел (12:30) по повод почетокот на новата учебна 2018/2019 година. Претходно (9:00) министерот Адеми ќе го посети ОУ „Никола Вапцаров“ во општина Чаир. 

Скопје - Прес-конференција на министерот за култура Асаф Адеми.  (Простории на Министерството/15:00)

Скопје - Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира научна трибина на тема „Договорот меѓу Грција и 'Втората страна': Пандорина кутија или излез од лавиринтот“. (Филозофски факултет, Сала за состаноци/10:00)

Скопје - Факултетот за безбедност и Фондацијата „Конрад Аденауер ќе ги промовираат Индексот на безбедност и најновите резултати од истражувањето за безбедносните предизвици на Република Македонија. (Порта Македонија/10:00)
 
Скопје Институтот за европска политика, Институтот за демократија „Социетас цивилис" и Центарот за економски анализи во соработка со Аспен институтот од Берлин организираат тркалезна маса „Евроатлантска иднина за Македонија?". (х. „Мериот“/15:00)
 
Приштина - Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и претседателот на Стопанската комора на Косово Берат Рукичи организираат работна средба меѓу двете комори и претставници на  бизнис заедниците на двете земји. злез на завршениот дел од автопатот во близина на селото Доганај/10:00)
 
Тетово Одделот за образование на Алијансата за Албанците ќе одржи прес - конференција. (Седиште на партијата/12:00) 

Скопје - Град Скопје организира јавна дебата за изградбата на гасоводот на Водно. (Сала за седници на Совет на Град Скопје/13:00)

Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев ќе се обрати на приредбата по повод прием на првачињата во основните училишта од Општина Карпош. (Спортска сала на ООУ „Јан Амос Коменски”/8:30)

Скопје - По повод почетокот на кампањата за поголема безбедност на учениците во Општина Кисела Вода, градоначалникот Филип Темелковски ќе подели едукативен материјал. (ОУ „Кирил Пејчиновиќ“/9:30)

Скопје - Градоначалникот Златко Марин и директорите на „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“, Адриан Муча и Абдусамет Шабани, ќе дадат изјави за медиумите по повод акцијата за чистење на Општина Аеродром. (Парк меѓу кулите на улица „Бојмија“ во близина на Железничка станица, зад зградата на „Неоком“/11:00)

Скопје - Изјава за медиумите на претседателот на Единствена Македонија  Јанко Бачев. (Пред седиштето на партијата на ул. „Даме Груев“ бр. 10/10:00)

Скопје - Проекција на бугарско-македонската копродукција „Височините“ во Кинотека на Македонија. (20:00)

Астана - Камерниот оркестар на Македонската филхармонија гостува во Казахстан.

Битола - Почнува Меѓународното графичко триенале. (Завод и Музеј/12:00)

Битола - Промоција на документарен филм „Уметникот од фронтот -Валентин“. (Центар за култура, мала сала/19:00)

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ