• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

МИА Најави - Македонија

МИА Најави - Македонија

5 септември 2018

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Собрание на РМ, сала 4/11:00)

Скопје - Министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски, ќе потпишат Спогодба за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност. На потпишувањето на спогодбата ќе присуствува и премиерот Зоран Заев. (Влада, Медиа центар/9:30)

Скопје - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе ги посети припадниците на Воздухопловната бригада на АРМ, по повод зголемувањето на бројот на оперативни хеликоптери во Армијата на Република Македонија. (Касарна „Страшо Пинџур“ во Петровец/ 10:15)

Скопје - Работна средба на тема „Превенција од насилниот екстремизам“ меѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претставници на невладината организација „Цивил-Центар за слобода“, како и претставници на други НВО-а и Националниот комитет за превенција од насилен екстремизам.  (МВР/12:30)

Гостивар - Министерот за економија Крешник Бектеши во работна посета на специјализираната фабрика за производство на душеци АЛМЕРО. (Изјава за медиумите пред фабриката на ул. „Ленинградска“ бр. 37 /10:30, инсерти/10:20)

Охрид - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во работна посета на Општина Охрид. (Општина Охрид, изјава за медиумите/14:00)

Липково - Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за образование Арбер Адеми ќе го посетат средното училиште „Исмет Јашари“. (11:00)

Скопје - Прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа. (Влада, Медиа центар/12:00)

Скопје - Потпишување договори со шест општини во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги, финансиран од Светска банка. (Министерство за финансии/9:50)

Охрид - Свечено отворање на Меѓународната конференција „Migrant and refugee crisis in a globalized world: responsibilities and responses". (х. „Инекс Горица“/9:30)

Крива Паланка - Свечено потпишување Меморандум за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Општина Крива Паланка. (Етногостилница „Воденица 3“ во село Дурачка Река/13:00)

Скопје - Делегација од Агенцијата за електронски медиуми на Република Хрватска АЕМ во посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги - АВМУ. (АВМУ, изјави за медиумите на директорите Зоран Трајчевски и Јосип Поповац/10:30)

Скопје - Промоција на исражувањето и монографијата „Полицијата и јавноста“ од проф. д-р Цане Мојаноски, проф. д-р Никола Дујовски и доц. д-р Марјан Ѓуровски. (ЕУ-инфоцентар/13:00)

Штип - Ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев ќе ги прими студентите од Економскиот факултет кои го освоија 5. место на натпреварот за тргување на берзи „Rotman International Trading". (Кабинет на ректорот/12:00)

Скопје - Промоција на книгата „Градови за луѓе“ од проф. Јан Гел од Данска во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија. (х. „Александар Палас“, конгресна сала/10:45)

Охрид - Одбележување на 9-годишнината од потонувањето на бродот „Илинден“. (Обележје во паркот наспроти х. „Милениум“/11:00)

Скопје - Трибина на тема: „Народната носија од Скопска Блатија и Скопска Црна Гора како дел од носиите на Горновардарската етнографска целина“. (Музеј на Македонија  - кино сала/12:00)

Скопје - Свечено доделување на награди за хуманост, посланија и статуетки со ликот на Св. Мајка Тереза на истакнати хуманисти и здруженија. (Дом на АРМ/20:00)

Скопје - Симеон Златев Моне ќе изложи 108 керамички предмети од богатото македонско културно историско наследство по повод 108 години од раѓањето на Св. Мајка Тереза. (Дом на АРМ/во текот на денот)

Скопје - Изложба на фотографии од Патриција Морено Руиз - Олалде насловена „Наследството на Мајка Тереза“.(Мултимедијален простор на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза/12:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Долго патување во ноќта“ на Владимир Бороевиќ и промоција на монографијата „4 приказни видувања“ за неговото творештво од авторите Емил Алексиев, Соња Абаџиева, Оливера Ќорвезировска и Лазо Плавевски. (Музеј на Град Скопје/21:00)

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ