МИА Најави - Македонија

МИА Најави - Македонија

6 септември 2018

Скопје - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во официјална посета на Република Македонија:

- средба со претседателот Ѓорге Иванов. (вила „Водно“/8:45)

- средба со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери. (Собрание на РМ, сала „Длаборез“/9:40-10:10)

- средба со премиерот Зоран Заев (Клуб на пратеници/13:15, медиумите да пристигнат најдоцна до 12:45)

- прес-конференција на премиерот Заев и на Столтенберг. (Клуб на пратеници/14:10)

- Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и Столтенберг ќе го посетат Полкот за специјални операции во касарната „Илинден“. (12:20, медиумите да пристигнат на влезот на касарната најдоцна до 11:50)

- Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и Столтенберг ќе присуствуваат на свеченоста по повод иницијативата за именување на една од градските улици во чест на Торвалд  Столтенберг, кој е почесен граѓанин на Скопје. (На пешачка патека меѓу Градскиот стадион и езерцето во Градскиот парк/10:30)

- Градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски и Столтенберг ќе го посетат Стајковци каде е предвидено нивно обраќање. (11:30, новинарските екипи да пристигнат најдоцна до 11:00)

- средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. (Собрание на РМ, сала на Влада/10:15-10:45)

Скопје - Министерот за надворешни и европски работи на големото војводство на Луксембург Жан Аселборн во официјална посета на Република Македонија:

- тет-а-тет средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров. (Кабинет на МНР/9:00-9:15)

- потпишување Спогодба и пленарни разговори меѓу делегациите. (МНР, сала на први кат/9:15-10:00)

- прес-конференција на Димитров и Аселборн. (хол на МНР/10:00-10:20)

- средба со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. (СЕП/10:30, новинарските екипи да пристигнат најдоцна до 10:15, изјави за медиумите пред почетокот на состанокот)

Скопје - Премиерот Зоран Заев ќе се обрати на доделувањето грант од Владата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност за Националниот младински совет на Македонија. (Медиа центар во Влада/10:00)

Скопје - Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов ќе одржат средба со новинарите. (Свечена сала во Влада/9:30, Предвидени се изјави за медиумите во 10:00)

Охрид/Струга - Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ДТИРЗ Александар Младеновски ќе присиствуваат на отпочнувањето на проектот на американската компанија „Reci&Sons Enterprise“ во Технолошко-индустриската развојна зона „Охрид/Струга“. (12:30)

Скопје - Македонско-руската стопанска комора организира трибина и еднодневна обука за македонски менаџери на тема: „Особености на рускиот пазар и стратегија на успех (потенцијал, можности, реализација)“. (Стопанска комора на Македонија/10:00, изјави за медиуми во 11:30)

Скопје - Министерот за здравство Венко Филипче ќе учествува на јавната дебата за потребата од дисперзија на градски болници на повеќе точки на територијата на Град Скопје. (Музеј на современа уметност, сала 3/13:00)

Скопје - Прес-конференција на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи (МЗНДТВО) по повод одржување на 36. Светски конгрес на Интернационалното здружение за прочистување на крвта. (МАНУ/12:00)

Скопје - Претставници на Здружението на физиотерапевти на Република Македонија ќе делат промотивен материјал и ќе даваат совети по повод 8 Септември - Меѓународниот ден на физиотерапевтите. (плоштад „Македонија“/19:00)

Скопје - Институтот за стратешки истражувања и едукација - ИСИЕ организира тренинг „Јакнење на капацитетите за спроведување на референдум на локално ниво“. (Општина Гази Баба, сала 6/13:45 - 16:00 и изјави за медиумите во 13:30)

Прилеп - Трибина „Како до подобро информирање за иницијативи на граѓани: обука за мало новинарство“ на АГТИС. (до Саат кулата/19:00)

Скопје - Прес-конференција на директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје, Ардијан Муча. (меѓу улиците „Втора македонска бригада“ и „Кемал Сејфула“ во општина Чаир/12:00)

Штип - Петта Меѓународна конференција на Правниот факултет на УГД (10:00), изјави за медиумите во 9:30)

Скопје - Изложба на ракотворби од членовите на Здружението ЗУР „Арти Крафт“ во рамки на етно-културна манифестација „Ревија на народни носии од Скопскиот регион“. (Музеј на Македонија/11:00)

Охрид - Интернационален симпозиум на тема „Традиции во комуникациите и во духовната култура на Југоисточна Европа (право, економија, природни науки, уметност, литература, јазик)“. (Куќа на Уранија/9:00)

Скопје - Книжевна вечер посветена на македонската поетеса Даница Ручигај и промоција на антологијата на песни „Недореченост, о проклета да си“. (МКЦ/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Мистична безазленост“ на ликовниот уметник од Косово Дије Блаца. (КИЦ, изложбен салон Империјал 2/20:00)

Скопје - Премиера на првата македонска еротска комедија „Мејкинг Оф“, според сценарио и во режија на Кузман Кузмановски. (кино сала „Синаплекс“/20:30)

Скопје - Промоција на третиот албум на скопскиот музичар Пиколомини. (Ла Кања бар/20:00)

Референдум 2018:

Гостивар - Коалицијата „Заедно ЗА европска Македонија“ ќе одржи граѓански собир на кој ќе се обрати премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев. (Градски плоштад/19:30)

Скопје - Потпретседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе разговара со граѓаните на општина Чаир. (Амфитеатар во парк Чаир/18:30) 

Скопје - Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе одржи трибина со жителите на Арачиново. (Пред општинската зграда/16:15)

Крушево - Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе учествува на трибина со граѓани. (Дом на култура/19:00)

___________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ