МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

МИА Најави - Македонија (ДПЛ)

9 септември 2018

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери ќе се сретне со американскиот сенатор Рон Џонсон. (Стар кабинет на претседателот на Собранието/12:00)

Скопје - Прес-конференција на која ќе се обрати претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со економскиот тим. (Медиа Центар на Владата/12:00)

Скопје - Делегација на Уставниот суд на Република Турција предводена од претседателот на Судот, Зухту Арслан и уште двајца судии и судија известител на Судот во посета на Уставниот суд на Република Македонија.

Скопје - Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе присуствува на пуштањето во употреба на првата фаза од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“. (на крстосницата на овој булевар со улицата „Натаниел Кучевишки“, каде завршува булеварот/11:00)

Теарце - Mинистерот за животна средина и просторно Садула Дураки ќе се обрати на конференцијата на тема „Шар Планина - треба ли да биде прогласена за Национален парк“. (ресторан „Рилекс“ во с. Доброште, општина Теарце/10:30)

Скопје - Книжевен разговор со писателката Тања Ступар-Трифуновиќ. во рамки на книжевниот фестивал „Друга приказна“. (Музеј на современа уметност/18:30)

Референдум 2018:

Ресен - Претседателот на Владата, Зоран Заев ќе учествува на трибина со граѓаните на плоштадот во Ресен. (18:00), а потоа ќе има обраќање на Граѓанскиот собир пред платото на Офицерскиот дом во Битола. (20:15)

Теарце - Претставници на Владата, министри, заменици-министри, државни секретари и пратеници, предводени од вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ќе се сретнат со граѓаните на општина Теарце во рамки на караванот разговори „Твојот глас“.  (простории на општината/13:00, пред почетокот на средбата изјава за медиуми ќе даде вицепремиерот Османи, пристигнување на новинарските екипи најдоцна до 12:45)

Кичево - Заменик-претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе се обрати на граѓански собир во Кичево. (комплекс ламели/18:00)

Струга - Заменик-претседателот на Владата и министер за одбрана, Радмила Шекеринска ќе се обрати на граѓанска трибина со жителите на општина Струга. (Дом на културата/18:00, изјава за медиуми во 13:00 на Кејот на Црн Дрим во близина на комитетот)

Кавадарци - Министерот за надворешни работи Никола Димитров има средба со граѓаните на Кавадарци. (10:15)

Тетово - Потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски ќе се сретне со граѓаните на Тетово, а потоа ќе се обрати на граѓанска трибина. (плато кај споменик НОБ/16:00)

Центар Жупа - Министерот за дијаспора Едмонд Адеми ќе се сретне со граѓаните во населените места во Центар Жупа. (12:00)

Скопје - Централниот штаб на ДУИ за референдумот ќе одржи прес-конференција. (седиште на партијата во Чаир/12:00)

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...

Тренерот на Баерн им порача на фудбалерите да не одат сами на „Октоберфест“

Од овој викенд Баварија повторно живее во знакот н...