МИА Најави-Македонија

МИА Најави-Македонија

13 септември 2018

Скопје - Помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел во посета на Република Македонија.

- средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери (Стар кабинет/15:15-16:15)

- средба со координатори на Пратенички групи и пратеници на Собранието на Република Македонија. (Сала на Уставна комисија/11:05-12:00)

- средба со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев. (пред платото на Владата/18:30медиуми да ја наместат опремата пред платото најдоцна до 18:15)

- средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров. (МНР/10:00, фото и видео инсерти) 

Скопје - Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини во посета на Македонија.

- средба со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев. (кратки изјави за медиумите пред ресторан „Наргиле“ во Турска чаршија/16:40)

Скопје - Министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати во официјална посета на Република Македонија. 

- средба со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери. (Сала на Влада/10:00)

- тет-а-тет средба на министерот Димитров и министерот за Европа и надворешни работи Бушати. (Кабинет на МНР, фото/видео инсерти/11:30-11:50)

- пленарни разговори помеѓу делегациите. (Сала на први кат, фото/видео инсерти/11:55-12:15)

- прес - конференција на министрите Димитров и Бушати. (Хол на МНР, приземје/12:15-12:30)

- средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи. (простории на СЕП/11:00, пристигнување на новинарските екипи најдоцна до 11:20, изјави на Бушати и Османи по средбата)

Скопје - Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Аудун Халворсен во посета на Република Македонија на покана на државниот секретар во македонското Министерство за надворешни работи, Виктор Димовски.

- тет-а-тет средба (Кабинет на ДСЕК,фото/видео инсерти пред средбата/13:30-13:45)             

- пленарна средба на делегациите (голема сала 1кат МНР, фото/видео инсерти/13:50-14:20 

- изјави за медиуми. (хол на МНР/14:25-14:45) 

Виена - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе учествува на министерската конференција за безбедност и миграција-промовирање партнерство и отпорност.

Битола - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во работна посета на општина Могила. (простории на општината, изјави за медиуми/13:15)

Охрид - Институтот за дефектологија при Филозофски факултет во Скопје по повод одбележување 25 години од постоењето ќе ја одржи 5. Меѓународна конференција „Трансформација кон одржливо и флексибилно општество за лицата со инвалидност“. (х.Инекс Горица/18:00)

Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев ќе одржи прес-конференција по повод организирање на  еколошката акција за одбележување на Светскиот ден на чистење (15 септември). (Простории на локалната самоуправа, ул.„Радика“ бр.9/13:15)

Скопје - Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје Ардијан Муча и градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин ќе одржат прес-конференција. (Општина Аеродром, бул.„Србија“ кај бензинската на ОКТА/12:30)

Скопје - Европското движење во Република Македонија  ќе одржи кафе-дебата на тема „Европа меѓу кризите и реформите-Република Македонија во новиот контекст на проширувањето“. (Кафе галеријата „Тренд“/12:30-14:00) 

Кочани - Работилница на тема „Креирање на визија за Осогово-идно заштитено подрачје“ во организација на Програмата за зачувување на природата во Македонија. (Туристички инфо центар на Пониква/10:30, изјави за медиумите/11:30)

Скопје - Факултетот за електротехника и информациски технологии и Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија ќе одржат работна средба од областа на користење напредни технологии за третирање на материјали со јонизирачко зрачење. (Центар за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ, изјави за медиуми/11:00)

Скопје - Компанијата ОКТА ќе донира рефлектирачки приврзоци како дел од кампањата за поголема безбедност во сообраќајот. (ОУ „Кочо Рацин“/10:30)

Скопје - Советот на Синдикатот на културата на Република Македонија, ќе одржи прес-конференција. (Прес-сала на Македонската опера и балет/10:00) 

Скопје - Дванаесетта меѓународна детска ликовна колонија „Свети Пантелејмон“ во организација на Општина Карпош и Детски ликовен центар.  

Софија - Отворање на изложба „Златната рипка и потомокот“ на Михаела Јовановска. (КИЦ/18.30)

Демир Хисар - Отворање изложба на циклусот фотографии насловен „Има една земја“ на Стефан Шашков во рамки на манифестацијата Дмир Хисар - град на културата во 2018. (Дом на културата Илинден/20:00)

Кавадарци - „Тиквеш рок фест 2018“ во организација на Здружението за алтернативна култура „Алтер Центар“ Кавадарци. 

 

____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ