• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Во Бунарџик 1 почнува со работа фабриката „Чагатај Кабло“

Во Бунарџик 1 почнува со работа фабриката „Чагатај Кабло“

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Во технолошко-индустриската развојна зона, Бунарџик 1 денеска ќе почне со работа фабриката „Чагатај Кабло“ што ќе произведува кабли за автомобилската индустрија пред се наменети за автобусите на „Ван Хол“.

Камен-темелникот на оваа фабрика беше поставен минатата година во септември. Во јануари годинава Владата донесе одлука за давање согласност на договорот за доделување на  државна помош во облик на даночни олеснувања на оваа турска компанија, појаснувајќи дека одлуката е во согласност со Законот за ТИРЗ и мерките од „Планот за економски раст“ кои беа промовирани од Владата на Република Македонија.

Максималниот износ на државна помош во однос на договорот е предвидена да биде во висина до 50 проценти од износот на инвестицијата и е во согласност со законските прописи на Република Македонија и со почитување на европската регулатива за транспарентност во доделувањето на државната помош.

Станува збор за инвестиција во висина од 3,5 милиони евра која до 2020 година е предвидено да создаде најмалку 60 нови работни места.

На почетокот на производството на фабриката „Чагатај Кабло“ ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на ТИРЗ Александар Младеновски и сопственикот на компанијата, Ахмет Короглу. сст/мд/07:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ