• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Кампања на РСБСП за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Кампања на РСБСП за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот и на сообраќајното поведениe на учесниците во сообраќајот е целта на новата кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) што ќе се реализира во наредниот период.

Мотото и пораката на РСБСП во оваа кампање е „Секоја грешка и секое незнаење имаат своја цена, но незнаењето и грешките во сообраќајот чинат загубени човечки животи. Крајно време е, сите ние како заедница и секој поединечно, да го преземеме својот дел од одговорноста и да го дадеме својот придонес за поголема безбедност на децата во сообраќајот.“ 

Традиционално со почетокот на секоја учебна година, РСБСП реализира сообраќајно-превентивни активности за помалку настрадани деца во сообраќајот.

Во 2015 година девет деца на возраст до четири години го загубиле животот во сообраќајни незгоди и 13 деца на возраст од пет до 18 години. Во 2016 пет деца на возраст до 14 години и девет деца на возраст од 15 до 19 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди. Во 2017 пак четири деца на возраст до 14 години и 14 деца на возраст од 15 до 19 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди. 

- Тоа значи дека за период од само три до четири години Република Македонија губи цел еден клас деца што е ненадоместлива загуба за семејствата и за општеството во целина, се вели во соопштението од РСБСП. 

Во рамки на кампањата за поголема безбедност на децата во сообраќајот ќе бидат реализирани едукативни предавања и јавни сообраќајно-едукативни настани во училиштата и градинките, предвидена е изработка и дистрибуција на сообраќајно-едукативни материјали со креативна содржина, едукација преку јавните и социјалните медиуми... Во соработка со Триглав Осигурување ќе бидат обезбедени флуоресцентни елеци за поголема видливост на децата - учениците во сообраќајот. мд/са/13:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...