• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Во сообраќајка во Албанија повредени четворица дебрани

Во сообраќајка во Албанија повредени четворица дебрани

Дебар, 31 август 2018 (МИА) – Четворица македонски државјани, жители на Дебар се повреди во сообраќајната несреќа што претпладнето се случила на делницата Булќиза-Ќафа е Буалит, која е дел од автопатот „Руга е Арбрит“, јави албанската агенција Балкан веб.

Според албанската полиција, на која се повикува агенцијата, четворицата дебрани патувале за Тирана со автомобил марка „цитроен“ со македонски регистарски таблички,кој излетал од патот кај месноста викана „Вајкал“.

- Првичните сознанија од увиот потврдуваат дека поради неприлагодената брзина со условите на патот, Н.В.(66) кој управувал со возилото изгубил контрола и излетал од коловозот, кој, во тој дел, има оштетувања од лизгање на земјиштето. Со повреди се здобиле возачот и тројцата патници во автомобилот, стои во соопштението од Полицискиот комесаријат од Пешкопеја.

Возачот и повредените М.Б, Р.К. по укажана прва медициска помош во болницата во Булќиза се пуштени на домашно лекување, додека сопатничката М.В. е транспортирана на понатамошно лекување во регионалната болница во Пешкопеја.

Ова е трета сообраќајна несреќа во Албанија овој месец во која учествува македонски државјани. Претходните две, едната на 27, а другата на 16 август се случија на патниот правец Либражд-Прењас, во близина на албанско-македонската граница, кај преминот „Ќафасан“. Во соообраќајките патниците се здобија само со лесни повреди.вт/са/13:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ