• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Одрони на патниот правец Делчево - Македонска Каменица

Одрони на патниот правец Делчево - Македонска Каменица

Делчево, 31 август 2018 (МИА) - Дождот што го зафати регионот на Пијанец резултираше со појава на одрони на магистралата Делчево - Македонска Каменица. Одроните се најзабележливи на потегот од село Очипала до село Илиово.
 
Од ЈП "Македонија пат" апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината на условите на патот.
 
- Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сепак поради слабиот дожд и можната повторна појава на одрони апелираме возачите да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, се вели во соопштението од ЈП "Македонија пат".
 
Слична појава на одрони како што информираат од „Македонија пат“ е забележлива на местата кои поминуваат низ клисури.вс/скс/17:44

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ