• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

На Табановце за излез од Македонија се чека до половина час

На Табановце за излез од Македонија се чека до половина час

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот се одвива по суви коловози. На граничниот премин Табановце, за излез од Македонија има чекање од околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

Поради превртен камион во прекин е сообраќајот на патот Ресен-Битола кај местото Сопотско. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. ев/18:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...